Ѓорѓи Крстески е роден 1976 година во Струга, Република Македонија. Дипломирал на Машинскиот факултет во Скопје во 2002 година, насока заварување и заварени конструкции. Во 2010 година дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек педагогија, насока вајарство. Вработен е како професор по ликовно образоание во ООУ „Мурат Лабуништи“ с. Лабуништа, Струга.

Крстески е еден од основачите на неформалното уметничко здружение „Везденски“ од Струга и НВО ИНКА (Иницијатива за независен културен активизам) исто така од Струга. Има реализирано 4 самостојни изложби (две во Струга, Охрид и Њујорк) и неколку групни изложби.

Во 2013 година, заедно со Весна Дунимаглоска и Станко Павлески, ја основа уметничката група ПАТЕМByTheWay и концептуално го надградува проектот „Авторски низ појавното 6“ во Кон АнП / ПАТЕМArt 1-6. Во следните 9 години, до 2022 година како трио под името ^ПАТЕМByTheWay – Друштво со ограничена одговорност, продолжува да осмислува и реализира бројни проекти настани, изложби и уметнички дела на одредени локации и региони во Македонија и во странство.

Е-пошта: gjorgjikrsteski@yahoo.com