Точки на ПАТЕМ проектноста (2013 – 2017):

  • Отворен партиципативен уметнички проект во еднодневни,
    викенд или повеќедневни патувачки истражувања
    и камп престои на специфични локации
  • Креативен активизам на променлива група автори
    oд различни области на уметноста
  • Автономен уметнички одговор над социо – политичкиот амбиент
  • Верување во животот како уметност
  • Изразување на социјалното дружење во дела од партиципативен,
    групен и индивидуален карактер
  • Промислување на креативниот потенцијал на местото
  • Преиспитување на менталните и физичките лимити на личноста
    во ограничени услови за живеење и за создавање
  • Чекор кон граничните состојби и манифестации во сферите на патувањата, раскажувањата, одморањето, рекреацијата, забавата и животните ефемерии
  •  Тематизирање на настаните, без ограничување на индивидуално позиционирање.
  • Потенцијал за in situ и site specific проекти, уметнички акции, перформанси, видео дела, фотографии, просторни интервенции и сл., како и иницијации за апостериорна продукција.
  • Форми на изложување на локација.
  • Фиктивно – виртуелно учество во ПАТЕМ настаните со дело или пред проектно дело со совпаѓачка содржина
  • Негување ПАTEM заедница

Точки на ПАТЕМ проектноста (2018 – 2019):

  • ^ПАТЕМByTheWay како дело
  • Виртуелно живеење природа и општество
  • Средби во живо на Друштвото во годината
  • Документаристика од он лајн средбите
  • Независна индивидуална продукција
  • Одбележување на значајни ПАТЕМ датуми
  • И-нет изложби
  • Филмување

Точки на ПАТЕМ РЕТРО проектноста (2013 – 2023):

  • Природата – општество
  • Животот – уметност
  • Просторот – време
  • Површината – длабочина
  • Уметноста – парадокс
  • Себството – тројство
  • Друштвото – заедница