Весна Дунимаглоска е родена 1976. во Битола, каде живее и работи. Дипломирала во 1999. на Факултетот за ликовни уметности – Скопје како најдобар студент на насоката педагошки – сликарство. Од 2001. до 2006. се школува и активно изложува во Белград каде во 2005. се стекнува со магистратура по мултимедијална уметност на Универзитетот за уметностите. Работи како професор по ликовно образование во Битола.

Од 1999. учествува на бројни групни изложби (Њујорк, Луксембург, Тирана, Белград, Виена, Лион, Канабел, Хамбург…). Вклучена е во неколку национални селекции како дел од македонската или српската млада сцена. Два пати изложува на Интернационалното биенале на млади во Вршац, 2002 / 2004 и Скопје, 2021. Учествува во кураторски концепти (Context Europe 2002″, Лион, 2001., “Dare to be different”, Фиер, 2006. “Уметникот во разговор”, Канабел, Хамбург…) и изложува на повеќе фестивали за култура, современа уметности и видео арт. Добива неколку резиденции за престој: 2001., “Beyond the city”, IFAI, Москва, 2002 г., KulturКontakt, Виена, 2005 / 2017 Македонски културен центар, Њујорк. Самостојно изложува во: Скопје, Виена, Белград, Битола, Њујорк, Осијек, Сараево..

Од 2000 концепциски обмислува и изведува проекти и интермедијални работилници во јавен простор со разни уметници, деца, младинци и други групи во соработка со Центарот за култура Битола, Еразмус програмата и други културно – образовни институции.

Во 2002., во рамките на изложбата “Избор 2002” од страна на АИКА, таа е селектирана во шесте најдобри автори од Македонија, во периодот 1999 – 2001, и изложува со проектот “Танцувачот”, 2001, Културна локација “Место”, Степен галерија.

Дунимаглоска како еден од позначајните млади автори на преминот кон 21 век, носи во себе интерес за системско истражување на културно уметничкиот контекст. Нејзиното дело е историчарски приложено како дел од македонската поставангарда (поставангрден експеримент), со лик на критичка, мултимедијална и концептуална уметност, засапено во неколку стручни литератури, Речник на современата уметност и текстови во списанија. Нејзини дела има во Национална Галерија на Р.С Македонија и Имаго Мунди колекцијата Бенетон.

Во 2006., како гест на одлука, таа ја прекинува излагачката дејност и се пронаоѓа во нејзината пауза, свртувајќи се кон себе и мисловните процеси, за во 2012. да го материјализира единственото дело од овој период – концептуалниот фото-амбиент “Ни Ал Ни Абер 2006 / 2012”, практикувајќи ги и понатаму ваквите фотографски форми во потрагата по нематеријалното.
Од 2013. до денес концептуализацирајќи го не-уметничкиот исказ ќе следат: Чин-Делата – документи за повеќе од уметност – (В)Домување, Мир, Тихување, проектноста Blue Blood Baby – процесуални перформанси, налик на лабораторија во друштво, видеа со документарнa текстурa од “in situ” акции, градени врз дијалошка форма на заедничко живеење и учење од другите, во релација со просторот, времето и празнината.

Уметничкиот гест на авторката е базиран на мисловниот процес, како концепт сам по себе, реферирајќи на безинтересно зафаќање со и во реалноста, но длабоко третирај ја нејзината суштина. Движејќи се од двете страни на камерата, по самиот раб на делото, каде авторката обично ја наоѓа уметноста и го преиспитува статусот уметничко/не уметничко, ја врамува публиката и себе во уметничкото дело. Таа го поставува прашањето за улогата и функцијата на уметноста денес.

Од 2012 година како дел од Авторски низ Појавното 5 со група уметници ја организираат уметничката продукција – а од 2013. заедно со Ѓорѓи Крстески и Станко Павлески концептуално го надградуваат проектот во ^ПАТЕМByTheWay, и како трио во наредните 10 години организираат многубројни настани, изложби, издаваат 3 книги и обемна продукција на Друштвото.

E-mail: vduni@yahoo.com