Skip to content
Точки на ПАТЕМ проектноста (2013 – 2017):
- Отворен партиципативен уметнички проект во еднодневни,
викенд или повеќедневни патувачки истражувања
и камп престои на специфични локации
- Креативен активизам на променлива група автори
oд различни области на уметноста
- Автономен уметнички одговор над социо – политичкиот амбиент
- Верување во животот како уметност
- Изразување на социјалното дружење во дела од партиципативен,
групен и индивидуален карактер
- Промислување на креативниот потенцијал на местото
- Преиспитување на менталните и физичките лимити на личноста
во ограничени услови за живеење и за создавање
- Чекор кон граничните состојби и манифестации во сферите на патувањата, раскажувањата, одморањето, рекреацијата, забавата и животните ефемерии
- Тематизирање на настаните, без ограничување на индивидуално позиционирање.
- Потенцијал за in situ и site specific проекти, уметнички акции, перформанси, видео дела, фотографии, просторни интервенции и сл., како и иницијации за апостериорна продукција.
- Форми на изложување на локација.
- Фиктивно – виртуелно учество во ПАТЕМ настаните со дело или пред проектно дело со совпаѓачка содржина
- Негување ПАTEM заедница
Точки на ПАТЕМ проектноста (2018 – 2019):
- ^ПАТЕМByTheWay како дело
- Виртуелно живеење природа и општество
- Средби во живо на Друштвото во годината
- Документаристика од он лајн средбите
- Независна индивидуална продукција
- Одбележување на значајни ПАТЕМ датуми
- И-нет изложби
- Филмување
Точки на ПАТЕМ РЕТРО проектноста (2013 – 2023):
- Природата – општество
- Животот – уметност
- Просторот – време
- Површината – длабочина
- Уметноста – парадокс
- Себството – тројство
- Друштвото – заедница